Во Италија место фудбал, се игра со датуми – Серија А мора да заврши до 20 август за да почне пак на 1 септември

Во Италија најмногу се игра со датумите кога ќе се рестартира и ќе заврши сезоната во Калчото, а сега е одредено дека сè мора да биде готово до 20 август.

Италијанската фудбалска федерација сака да се доигра сезоната не само во Серија А туку и во двата ранга под неа, во Серија Б и во Серија Ц.

Планот е се да се заврши до 20 август за да може само по десеттина дена, односно на 1 септември да почнат натпреварите од новата сезона 2020/21.

Италијанците се надеваат дека ќе можат да продолжат со фудбал на 14 јуни, датум што е предложен за рестартирање на оваа сезона.

Сега се бара и начин за да се доиграат и пониските лиги, па ќе треба да се крои календарот за следните три месеци, кои ќе бидат во знакот на фудбалот во земјата на четирикратните светски прваци.

Во Серија А треба да се одиграат 12 кола, а моментно Јувентус е на врвот со 63 бода, еден повеќе од Лацио и девет од Интер, кој има меч помалку. Тоа се трите главни кандидати за титулата во најдолгата фудбалска сезона во Италија од Втората светска војна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести