Во Италија прекинат натпревар поради албанско знаме

Дуелот меѓу Бреша и Војводина не го дочека својот крај, откао судијата реши да го прекине во 50-тата минута. На почетокот на второто полувреме, на малиот стадион на кој се играше контролниот дуел, се појавија 10-тина навивачи кои започнаа да веат албанско знаме и да ги провоцираат гостите од Србија.

Веднаш потоа на терен влетаа 20-тина фанови на гостите, а судијата мораше да ја прекине средбата.

„Ситуацијата се смири после неколку минути и навивачите се вратија на својот дел од трибината, но потоа, фудбалерот на домаќините Марио Балотели не сакаше да продолжи да игра. Судијата Амабила тогаш реши да го прекине мечот“, стои во извештајот на страницата на Војводина.

И пред овој прекин, дуелот беше со мнгоу нервоза. При резултат 2:0 за Бреша, црвен картон доби тренерот на гостите, Ненад Лалатовиќ, кој потоа не сакаше да го напушти теренот. По тој инцидент, мечот продолжи, но сепак, по влегувањето на навивачите на терен, арбитарот реши дека нема услови да се доигра дуелот кој до тој момент беше 2:1 за Бреша.

 

- Оглас -

Најнови вести