Во Италија се случи една од најдобрите одбрани во историјата, напаѓачот на Рома остана во неверување (Видео)

Рома со 2:0 го победи Емполи, а гостинскиот голман Гилермо Викарио, иако прими два гола, го имаше потегот на мечот. Римската волчица даде два гола уште во првите 10 минути од мечот и покажа дека трите бода ќе останат за тимот од „Олимпико“, но  Викарио воодушеви со неверојатни три одбрани во само три секунди.

Прво го одбрани ударот на Пауло Дибала, потоа го одбрани и шутот на Манчини, а на крајот, иако беше паднат на земја, а напаѓачот на Рома, Абрахам со глава од само два метри шутираше, голманот Викарио инстиктивно ја крена ногата и го одбрани и неговиот удар.

https://twitter.com/i/status/1621935482467672064

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести