Во Италија, уште никој не може да победи после рестартот на сезоната

После 104 дена пауза се врати Серија А, и тоа со реми од 1-1 помеѓу Торино и Парма. За првпат после 2001 година, во Италија се играше лигашки меч во јуни.

Николас Нкулу од Торино беше стрелец на првиот гол после паузата. Овој играч има дадено пет гола во дресот на Торо, и сите се со шут со глава на домашен терен. Овојпат прославата му беше во стилот на анти-расистите.

Резултатот го изедначи Словакот Јурај Куцка во 31-ва минута, а Биковите од Торино имаа добра шанса да поведат на почетокот на второто полувреме, но Белоти не реализираше пенал. На Белоти му одбранија пенал за првпат после 12 мај 2019 година.

- Оглас -

Најнови вести