Во Јувентус се загрижени, Дибала едвај се движи (Видео)

Пауло Дибала едвај се движи по вчерашната повреда на коленото на дуелот со Сасуоло, што му носи грижи на Андреа Пирло и на сите во Јувентус.

Аргентинецот утринава се упати кон комплексот на Јувентус на „Алијанц стадионот“ во Торино, но беше видливо дека има проблеми со движењето.

Вчера беше заменет во 42-рата минута на дуелот со Сасуоло, откако заработи повреда на коленото, а малерите на Јувентус само ги дополнија и повредите на Мекени и на Кјеза.

Кјеза издржа најдолго, играше до 86-тата минута во победата на Јувентус од 3:1, но и тој не е сигурен за големиот меч што ѝ следува на Старата дама.

Јувентус ќе му гостува на Интер на 17 јанури, во популарното „Дерби на Италија“, што може да биде клучен меч во одбраната на титулата на „црно-белите“ од Торино.

 

- Оглас -

Најнови вести