Во Колорадо се беше подготвено за прослава и титула по 21 годинa, но ги погоди шампионската молња на Тампа беј (Видео)

Актуелниот НХЛ првак Тампа Беј лајтнинг на волшебен начин си го продолжи животот во финалната плејоф серија за одбрана на титулата и со триумф од 3:2 во Колорадо остана во игра за хет-трик и патем ги спречи Авеланш да освојат пехар во Стенли купот по 21 година.

Двојниот едноподруго шампион во НХЛ сега намали на 2:3 и се уште нема право на кикс до крајот на серијата ако сака трета титула по ред.

Ондреј Палат беше јунакот во петтиот меч и тој погоди последен, на шест минути до крајот, за победа на Тампа беј од 3:2.

Актуелните прваци постојано водеа во меч што не смееја да го загубат и покажаа шампионски карактер во ситуација кога секој пораз ќе ги симне од тронот.

Колорадо се уште е фаворит за титулата, му треба една победа за да се радува на пехар во Стенли купот по пауза од 21 година, а следниот меч ќе го играат задутре на гости во Флорида.

Ако Тампа Беј успее да израмни на 3:3 мајсторката за титулата би се играла во Колорадо.

 

 

- Оглас -

Најнови вести