Во контроверзен меч Волкановски ја одбрани титулата на спектакуларниот УФЦ турнир во Абу Даби (Видео)

Александер Волкановски успеа да ја одбрани титулата во перолесна категорија во УФЦ 251 на спектакуларниот турнир во Абу Даби и повторно го победи Макс Холовеј во меч што предизвика многу реакции.

Со одлука на судиите Австралиецот со македонско потекло победи со 2:1, а резултатот беше тесен и борбата многу израмнета. Двајца судии бодуваа победа на Волкановски со 48:47, а третиот со истиот резултат му даде предност на предизвикувачот Холовеј.

Американецот подобро ја почна битката за шампионскиот појас во перолесна категорија и во првите две рунди беше доминантен.

Кам-бекот на шампионот, или како што го нарекуваат Александер Велики, почна во третата рунда, а продолжи во последните две што му донесе и одбрана на титулата.

https://www.youtube.com/watch?v=9C3rEzqQf-k

Ова е втора победа на Волкановски во вториот меч против Американецот, откако беше подобар од Холовеј и во декември лани.

Одлуката на судиите да му доделат победа на шампионот, кој првпат го бранеше тронот предизвика многу реакции, а мислењата се поделени. Поголемиот дел сметаат дека Холовеј беше подобар и требаше да победи, но најважно за Волкановски е што остана непоразен и во деветтиот меч во перолесна категорија.

Вкупно во УФЦ билансот на актуелниот шампион е 20 победи и само еден пораз.

- Оглас -

Најнови вести