Во Лајпциг им е доста од игрите на Граѓаните, Сити мора да ја исполни нивната желба или ќе остане без Хрватот

Преговорите помеѓу Манчестер сити и Ред Бул Лајпциг за трансферот на Јошко Гвардиол, сè уште траат, но управата на германскиот тим им постави ултиматум на Граѓаните, објави Би-би-си.

Лајпциг за Гвардиол бара 100 милиони евра и не подготвен да го пушти за помала сума притоа одбивајќи ја последната понуда на Манчестер сити кој досега играше свои игри со цел да го истера своето. Последната понуда на Сити беше 90 милиони евра плус 10 милиони во боуси, но Лајпциг бара фиксно 100 милиони евра.

Сега управата на Лајпциг одлучи ги прекине игрите на Сити и му даде рок на европскиот шампион до 12 август да ја достави бараната сума или во спротивно Гвардиол и следната сезона ќе игра во Бундеслигата.

Новата сезона во Бундеслигата започнва на 19 август, но една недела порано Лајпциг ќе игра во германскиот Суперкуп против Баерн Минхен и поради тоа сака во новата сезона да ја стартува со дефиниран тим.

- Оглас -

Најнови вести