Во Леверкузен ги бројат и головите, Баер мора во офанзива против Шалке 04

Битката за четвртата позиција во Бундеслигата е најинтересниот сегмент во последните две кола, а можно е да одлучува и гол-разликата. Ајнтрахт и Баер се израмнети со по 54 бодови, тимот од Франкфурт има плус пет голови во однос на Баер, што е добра најава за ново гол-шоу на „Бај арената“ денеска, на дуелот меѓу тимот од Леверкузен и Шалке 04, вели Александар Васоски.

Тренерот на Вардар типува и на ефикасен настап на двете Борусии и триумф на Хофенхајм и на Аугсбург во 33. коло, претпоследно во германското првенство.

Борусија Дортмунд – Фортуна Диселдорф (15.30 часот)

Борусија не смее да си дозволи кикс, ако сака да ги задржи и минималните шанси за титулата, иако таквиот епилог и освојувањето на пехарот во германското првенство веќе е само во доменот на теоријата за популарните „милионери“.

Дополнителна мотивација ќе им биде и што ова е последен меч за нив сезонава на домашен терен, па сигурно целта е со победа да се простат од своите навивачи.

Фортуна Диселдорф е едно од пријатните изненадувања во Бундеслигата. Во еден период се чинеше дека им нема спас, но со серија одлични настапи стасаа до десеттото место, што е успех за нив.

Денеска, според мене сепак немаат шанси за подвиг и ќе загубат во Дортмунд во ефикасен меч.

Предлог тип: 1&3+ (1.50)

 

Аугсбург – Херта (15.30 часот)

Херта разочара во финишот на сезоната, од следната ќе имаат и нов тренер, па очекувам Аугсбург да ја искористи летаргијата кај клубот од Берлин и да победи.

Домаќините успеаа да ја остварат целта и да се изборат за нов настап во Бундеслигата и иако немаат многу успех во дуелите со Херта очекувам денеска да слават.

Аугсбург ја нема победено Херта од 2014 година, а денеска им е шанса со триумф да ја прекинат серијата од 8 меча без успех против тимот од Берлин и со тоа и да се простат од своите навивачи.

Предлог тип: 1 (2.45)

 

Нирнберг – Борусија Менхенгладбах (15.30 часот)

Нирнберг не успеа да избори опстанок и тоа е за нив големо разочарување. На гости им доаѓа тим што се уште има шанса да се пробие на позиции кои водат во Лигата на шампионите, па амбициите и квалитетот се на страната на клубот од Менхенгладбах.

Последните 8 меѓусебни дуели им завршуваа со победа на еден од двата клуба, Борусија знае како се победува на „Макс Морлок“ стадионот во Нирнберг и денеска очекувам повторно да ги освојат бодовите, со најмалку два гола во мрежата на домаќините.

Предлог тип: Т2 2+ (1.70)

 

Хофенхајм – Вердер (15.30 часот)

Хофенхајм мора да победи ако сака да остане во игра за нов европски настап, шанси има и Вердер, иако се многу помали од тие на денешниот ривал, што е најава за напаѓачки фудбал.

На шест од последните 7 дуели на овие две екипи имаше малку голови, од 0-2, но сега ќе играат малку поинаков меч. На двете екипи им одговара само победа, сезонава и Хофенхајм и Вердер играат ефикасно, а предност им давам на домаќините.

Предлог тип: 1&3+ (1.67)

 

Баер Леверкузен – Шалке 04 (15.30 часот)

Баер моментно ја има  најдолгата серија од победи во првенството, славеше на последните 4 дуели и е во топ-форма. Постигнаа 13, а примија само два гола, со два исклучително значајни успеси и победи од 6:1 против Ајнтрахт и со 4:1 против Хофенхајм.

Фармацевтите се израмнети со Ајнтрахт со по 54 бодови во трката за четвртата позиција и пласман во Лигата на шампионите, но имаат нешто послаба гол-разлика. Тоа може да одлучува, Баер на две кола да крај е во минус од 5 гола, па ќе мора да атакува на убедлива победа против најголемото разочарување во оваа сезона.

Шалке 04 едвај успеа да избори опстанок во Бундеслигата во сезона во која беше германски претставник во Лигата на шампионите. Очекувам денеска и тие да играат напаѓачки и типувам меч со многу голови и победа на Баер.

Предлог тип: 1&3+ (1.66)

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести