Финалето на Германскиот куп со публика како тест за идната сезона

Баер Леверкузен побара од Германската фудбалска федерација на 4 јули во финалето на Купот да има најмалку 10 илјади луѓе на трибините на Олимпискиот стадион во Берлин.

Баер ќе игра за пехарот со Баерн Минхен, а барањето е двата клуба да можат да имаат по 5 илјади навивачи на стадионот со капацитет од 80 илјади места.

„Очекуваме од Федерацијата да разработи концепт за да може да има навивачи на трибините. Барем по 5 илјади на двата клуба, што мислам дека е можно. Ќе се направи фудбалска атмосфера каква што треба да има во финалето на Купот, а и ќе биде тест за следната сезона“, вели Фернандо Каро, извршниот директор на клубот од Леверкузен.

Моментно натпреварите од Бундеслигата се играат без публика, но и Баер и Баерн сакаат финале на Купот во Берлин со присуство на нивните навивачи.

 

- Оглас -

Најнови вести