Во Лигата на шампионите веќе нема калкулации, се очекуваат голови

6014 Јанг бојс – Црвена ѕвезда (21 ч.)

Дуел кој решава за тоа кој тим ќе го освои третото место во групата и ќе остане во Лигата на Европа. Првиот меч во Белград заврши 2:2, а двете екипи имаа шанси да победат. Црвена ѕвезда во претходните четири кола играше ГГ3+, а и сите четири дуели на Јанг бојс се со минимум три погодоци.

Домаќинот е фаворит во меч во кој треба да има возбудувања и погодоци.

Предлог тип: 1Х&3+ (2.35)

 

6016 Милан – Борусија Дортмунд (21 ч.)

Сите опции се игра во Групата на смртта, каде разликата од првиот до последниот е само три бода. Милан како адут го има домашниот терен каде го победи ПСЖ, а одигра нерешено со Њукасл.

На Борусија Дортмуд ремито може да ѝ значи како победа затоа што во пресрет на последното коло така сигурно останува на позиција која води во нокаут-фазата.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.91)

 

6015 Манчестер сити – Лајпциг (21 ч.)

Двете екипи веќе имаат обезбедено место во нокаут-фазата, а ова е борба за првото место. На Сити доволно ќе му биде да не загуби за да биде сигурно прв на крајот, а Лајпциг нема да калкулира и ќе мора да нападне ако сака да се надева на првото место во групата.

Двете екипи негуваат офанзивен фудбал. Граѓаните во просек даваат по три гола, а Лајпциг над два гола на меч, што значи дека треба да се очекува „дожд од голови“.

Предлог тип: ГГ3+ (2.01)

 

6012 ПСЖ – Њукасл (21 ч.)

Двете екипи се со свои калкулации за место кое води во нокаут фазата, но ПСЖ е во пол позиција. Светците играат на домашен терен каде во првите две кола од ЛШ пред своите навивачи победија.

Њукасл на свој терен го победи ПСЖ со 4:1, но сега англискиот тим ќе биде пред голем предизвик да се радува.

Предлог тип: 1+I&3+ (1.75)

 

6011 Барселона – Порто (21 ч.)

Двете екипи имаат по девет бода од првите четири кола и се големи фаворити да одат во ноакут фазата. Барселона минимално со 1:0 славеше на гости кај Порто и сега на свој терен треба да потврди дека е подобар тим.

Одбраната на Барселона е одлична и во дуел на две технички одлично подготвени екипи ќе има голема борба на средината на теренот. Кој ќе успее да доминира таму ќе биде поблиску до победа.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.83)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести