Во Ливерпул вклучен „црвен аларм“, Манчестер јунајтед победи, Лестер се радуваше во голеадата

Ливерпул сезонава е далеку од екипата која бевме навикнати да ја гледаме во изминативе неколку сезони. Тимот на Јирген Клоп денеска загуби убедливо со 3:0 на гостувањето кај Вулверхемптон и по 20 одиграни меча, екипата има освоено само 29 бодови, па не случајно е на 10-тото место на табелата.

Уште во првите 15 минути беше најавен поразот на Ливерпул, кога Вулверхемптон поведе со 2:0. Двата погодоци на домашниот тим може да ги видите ТУКА.

Во второто полувреме Волците со погодокот на Невес само зголемија на 3:0 и го потврдија триумфот. За разлика од Ливерпул, Манчестер јунајтед се радуваше на три бода во дуелот со Кристал Палас, откако Црвените ѓаволи славеа со 2:1. Фруно Фернандеш и Маркус Рашфорд беа стрелци на головите за радост на „Олд Трафорд“.

Во останатите мечеви: Астон вила – Лестер 2:4, Брентфорд – Саутхемптон 3:0 и Брајтон – Борнмут 1:0.

- Оглас -

Најнови вести