Во лудо сценарио, Македонија дури и со пораз од Исланд може да се најде во баражот!

Победа утревечер против Исланд е тоа што го посакуваат сите фудбалери и стручниот штаб на македонската репрезентација, како и навивачите, никој не посакува да зависиме од другите, а математиките покажуваат дека во некои луди сценарија, нашиот национален тим може да оди во бараж дури и со пораз од Исланд.

Бевме големи навивачи на Исланд пред два дена кога Рибарите гостуваа во Романија, а сега Романците ќе бидат најголеми фанови на малата островска земја од крајниот северозапад на Европа.

Ако Исланд им направи услуга на Романците и не дај боже остане непоразен или победи во Скопје, тоа не значи автоматски дека Романија ќе го освои второто место и ќе оди во бараж. Романците прво мора да го победат слабиот Лихтенштајн на гости, па потоа да чекаат кикс на Македонија.

Доколку кикснат и Македонија и Романија, тоа ќе ни одговара нам, иако бевме послаби од Романија во меѓусебните дуели. Прв критериум кој решава ако два тима имаат ист број на бодови, е гол-разлика, а Македонија има далеку подобра (за 7 гола) гол-разлика од Романија.

Ако Романија не победи во Лихтенштајн, што би било чудо, Македонија оди во бараж, дури и со пораз од Исланд. Со реми на Романија кај Лихтештајн, и наш пораз од Исланд, може да се направи и круг ако Ерменија приреди чудо против Германија, но пак Македонија би била пред Ерменците и Романците.

- Оглас -

Најнови вести