Во Мадрид се најавува вистинска бомба: Славниот тенисер ќе го замени Перес на кормилото на Реал?

Вчерашниот ден во Реал Мадрид беше искористен за заеднички ручек на машките и женските фудбалски и кошаркарски екипи. На забавата која се одржа во просториите на кошаркарскиот клуб на “кралевите“ присуствувале сите спортисти, но и вработени во клубот.

Биле поделени и божиќни и новогодишни подароци, но една информација одекна како бомба во спортската јавност. Според информациите од присутните, Флорентино Перес најавил повлекување од функцијата после истекот на мандатот, а тоа е во 2025-тата година. Неговата желба е на кормилото на “кралскиот“ клуб да го наследи не било кој, туку славниот тенисер Рафаел Надал. Перес се надева дека шпанскиот тенисер до тогаш ќе ја заврши кариерата и ќе може да се посвети на работата во Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести