Во Манчестер ќе има голови, Интер ќе ја одбрани предноста од првиот меч

6005 Манчестер сити – Лајпциг (21 ч.)

Нема дилеми дека Манчестер сити е голем фаворит на овој меч, но факт е дека германскиот тим во првиот меч покажа сила и одигра нерешено 1:1. Манчестер сити во последниве неколку години мечтае за трофејот во ЛШ и досега потроши над милијарда евра за нови засилиувања, но кога игра во елитното натпреварување на УЕФА, никако да им тргне.

Сити сигурно нема да сака да ги снајде иста судбина како ПСЖ, тим кој нема европска титула, а вложува неверојатно многу пари. Се очекува домаќините да не дозволат до самиот крај да биде драматично, па треба да се одигра на погодоци на Сити.

Предлог тип: Т1 3+ (2.30)

 

6006 Порто – Интер (21 ч.)

Дуел на два некогашни европски прваци. Интер во првиот меч, со гол во 86-тата минута стигна до победа, но факт е дека италијанскиот тим беше подобар.

На „Драгао“ треба да се очекува уште еден неизвесен меч, во кој еден момент може да биде решавачки, но предност има Интер и Нераѕурите со своето искуство треба да ја сочуваат предноста од првите 90 минути.

Предлог тип: Х2&0-2 (2.45)

 

1016 Мидлсборо – Стоук (21 ч.)

Мидлсборо игра добро и по 36 кола е на третото место во Чемпионшип со желба следната сезона да стигне до Премиер лигата. Тоа е вториот најефикасен тим со 64 дадени гола.

Стоук е на 14-тото место на табелата и нема шанса ниту за влез во плејофот за Премиер лигата, ниту опасност да испадне. Токму затоа ова е тим кој може да игра без многу притисок, па тоа дава шанса и за гостите.

Во изминативе 12 месеци овие две екипи играле двапати и тоа биле мечеви со четири погодоци (2:2 и 3:1).

Предлог тип: ГГ3+ (2.40)

 

1011 Блекпул – КПР (20:45 ч.)

Дуел на две екипи кои се во долниот дел од табелата. Блекпул е во зоната за испаѓање, а КПР има 10 бода повеќе, но не е многу далеку од опасната зона.

Двете екипи имаат многу слаби одбрани и имаат примено над 50 гола во 36 кола, па треба да има погодоци. Домаќините мора да бркаат три бода ако сакаат да покажат дека имаат квалитет да се спасат од испаѓање.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.09)

 

Милвол – Свонси (20:45 ч.)

Милвол важи за „домашна“ екипа која ретко губи бодови пред своите навивачи. Свонси е на средината од табелата, но е во лоша форма и во последните 10 меча има седум порази, две нерешени и само една победа.

Интересно е дека Милвол нема триумф над Свонси во последните шест меѓусебни дуели одиграни во изминативе две и пол години, па време е оваа лоша низа да биде прекината.

Предлог тип: 1 (1.92)

 

 

- Оглас -

Најнови вести