Во Мароко ќе се гради суперстадион со 115.000 седишта, Шпанија може да остане без финалето на СП 2030

Иако Мадрид со стадионот „Сантијаго Бернабеу“ важи за фаворит за домаќин на Светското првенство во фудбал за мажи кое ќе се одржи во 2030 година во Шпанија, Португалија и Мароко, сепак додека ФИФА не одлучи дефинитивно, ништо нема да се знае.

Мароканците сакаат да им го „украдат“ финалето на Шпанците со тоа што ќе го понудат новиот стадион „Хасан Втори“, кој ќе има дури 115.000 седишта и ќе биде поголем и од „Спотифај Камп ноу“ во Барселона.

Стадионот го проектирале истите архитекти кои го работеа новиот „Олд Трафорд“ во Манчестер. Стадионот ќе биде во пустина на периферијата на градот Казабланка, таму сега нема ништо и ќе се гради од нула. Стадионот ќе биде опкружен со ботанички градини кои ќе создадат оаза на мир во урбаната средина и кога сето тоа ќе биде готово, ќе делува навистина спектакуларно.

- Оглас -

Најнови вести