Во Мексико на терен се појави возило како вселенски брод (Видео)

Мексиканскиот фудбалски клуб Холос Тихуана се труди играчите кои ќе се повредат во текот на мечевите, да имаат убави услови, и ги возат со возило на кое на покривот има закачено дел како од некое вселенско летало. Во клубот се опседнати со „Војна на ѕвездите“, па си направија свој „Милениумски сокол“ со ставање на нивното возило за голф во кое на повредените им се укажува прва помош.

Пред половина година на еден меч екипата на Тихуана излезе на терен со музиката од „Војна на ѕвездите“ и во придружба на четворица луѓе, маскирани како таканаречените „стормтруперс“.

Видете го возилото со кое се превезуваат повредените играчи:

https://twitter.com/i/status/1291676097818644480

- Оглас -

Најнови вести