Во Менхенгладбах ќе се тестира по третпат: Првиот тест позитивен, вториот негативен

Во таборот на Борусија Менхенгладбах имаше нови тестирања откако по првите било утврдено дека кај двајца ченови има пристуство на вирусот ковид-19. Според германските медиуми, еден играч и еден физиотерапевт биле заразени, но по вторите тестирања кај играчот тестот се покажал негативен.

Во ваков случај, клубот ќе направи нови тестирања бидејќи претходните два дадоа различни резултати, известува реномираниот лист „Кикер“. Доколку третите тестови бидат позитивни, може да се загрози предвидениот рестарт на сезоната во Бундеслигата кој е закажан за 15 мај бидејќи претходно пристуство на корона-вирусот се потврди во таборот на Келн и во неколку второлигашки екипи.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести