Во Монца нема да играат тетовирани и брадосани фудбалери

Тимот на фудбалскиот клуб Монца ќе биде составен од млади, исклучиво италијански фудбалери, и момчиња со средена коса, без брада и ниту една тетоважа на телото или обетка на увото. Ова го изјави Силвио Берлускони, легендарниот газда на Милан, кој неодамна заедно со Адријано Галијани застанаа на чело на нисколигашот Монца.

На конвенцијата на политичката партија Форца Италија, десничарот Берлускони говореше за идниот тим на Монца.

„Монца ќе има само млади италијански фудбалери, без тетоважи или долги бради. Играчите ќе мора да бидат џентлмени, коректни на терен, да се извинат ако направат фаул, судијата ќе го почитуваат како Бог, ќе се поздрават со противниците после мечот. Кога ќе даваат автограми, тоа мора да биде со име и презиме, а не некаков цртеж или чкртаници. Мора да бидат облечени културно, поинаку од тоа што го гледаме во денешниот фудбал“ – изјави Берлускони.

- Оглас -

Најнови вести