Во најава интересен расплет: Бензема може да пристигне во Интер

Многу веројатно е дека авантурата на Карим Бензема во Саудиска Арабија ќе трае само неколку месеци. Искусниот голгетер летоска потпиша со Ал-Итихад и се согласи на тригодишен договор според кој ќе заработува по 200 милиони евра по сезона.

На Бензема добро му тргна во новиот клуб, постигна девет голови, а имаше и пет асистенции во првите 15 средби. Сепак, потоа резултатите на Ал-Итихад почнаа да бидат разочарувачки и тимот сега многу заостанува во трката да ја одбрани титулата. Како еден од виновниците е посочен Бензема, кој своеволно си замина од клубот и не се приклучи за подготовките.

Веќе започнаа многу шпекулации околу тоа каде Бензема може да ја продолжи кариерата во Европа, а некогашниот голман на Парма и Интер, Себастијан Фреј има своја теорија и очекувања, според кој Интер може да профитира.

„Бензема е во лоши односи со тимот од Саудиска Арабија и уште овој месец може да биде понуден на пазарот. Слушнав дека Мората ниту потврдува, ниту демантира за доаѓање на Бензема. Сега треба Санчез да си замине, а ако тоа се случи може Бензема да дојде. Мислам дека тоа не е невозможно. Мората е мајстор за такви работи“, коментира Фреј.

Освен Интер, веќе се споменуваат англиските клубови Манчестер јунајтед и Челзи како можни нови дестинации за доажаниот француски голгетер.

- Оглас -

Најнови вести