Во најдобрите 11 на Милнер го нема Салах

Џејмс Милнер, играчот за врска на Ливепрул, во интервју за англискиот магазин „Форфорту“ ги наброи најдобрите 11-мина фудбалери според позиција со кои делел собелкувална во текот на неговата кариера. Милнер пред да го облече црвениот дрес, ги бранеше боите на Манчестер сити, претходно на Астон вила, Њукасл и Лидс јунајтед, а во неговиот тим преовладуваат соиграчи од Ливерпул, но интересно е што нема место за Мохамед Салах.

Голманската позиција ја зазема Алисон Бекер, со кого Милнер веќе 18 месеци заедно остварува успех со Црвените. Во дефанзивната линија се Трент Александер-Арнолд, Вирџил ван Дајк, како и Џонатан Вудгејт, со кого играше во Лидс. Ешли Кол е левиот бек, репрезентативниот соиграч на Милнер.

Средниот ред е составен од легендарни имиња: покрај Давид Силва играше во Сити, додека со Стивен Џерард и Френк Лампард ја бранеа честа на Гордиот Албион.

Во нападот се: Роберто Фирмино, Серхио Агуеро и единствениот играч кој Милнер го одбра од редовите на Њукасл, иконата Алан Ширер. Можеби е сосема оправдано што нема место за Фараонот, иако е моментално еден од најопасните голгетери во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести