Во најлошата можна категорија на ЕП на врвот се Хрватска, Албанија и Србија

Балканските репрезентации на Хрватска, Албанија и Србија уште по завршувањето на групната фаза, ги спакуваа куферите и си заминаа од ЕП. Тоа што одиграа само по три меча, не значи дека овие балкански земји беа инфериорни, барем во еден сегмент.

Кога се работи за националните селекции со најголеми казни, во Топ 3 се балканските репрезентации. Најказнувана е Хрватска, која од Дисциплинската комисија на УЕФА заработи казна од 220.875 евра. Зад Коцкестите е Албанија со казна од 178.375 евра и потоа Србија со казна од 166.625 евра.

Вкупно 21 репрезентација добија „честитки“ од УЕФА поради прекршување на дисциплината и вкупната досегашна казна е 1,2 милиони евра. Само три репрезентации не се казнети, и тоа Франција, Словачка и Шпанија.

Според казните на УЕФА, зад Хрватска, Албанија и Србија следуваат: Турција (95.125 евра), Швајцарија (91.750), Романија (84.250), Унгарија (82.250), Австрија (59.875), Полска (56.375), Словенија (51.250 евра)…

- Оглас -

Најнови вести