Во најсилната Втора лига во светот сезонава е можно чудо кое не е видено досега

Англиската Премиер лига многумина ја сметаат за најсилната и најатрактивна лига во светот. Ако има дилеми за најсилната лига во светот, тогаш без конкуренција Чемпионшип е најсилната Втора лига во светот.

Голем број на прославени клубови се дел од Чемпионшип, кои мечтаат да се вратат во англиската елита. Оваа сезона, табелата во првенството покажува дека е можно да се случи нешто што досега не било, а тоа е во Премиер лигата да се вратат оние три екипи кои минатата сезона испаднаа.

Лестер кој вложи повеќе од 30 милиони фунти за нови засилувања е прв на табелата со 43 бодови и главна амбиција на шампионот од 2016 година е да се врати во Премиер лигата. Минатата сезона од елитното друштво испаднаа и Лидс и Саутхемптон, а сега Лидс е на третото место на табелата во Чемпионшип, додека Саутхемптон е веднаш зад нив. Екипата која им прави „проблеми“ е Ипсвич кој е втор на табелата со 42 бодови.

Досега никогаш во историјата не се случило трите екипи кои испаднале од Премиер лигата, во наредната сезона да бидат трите кои ќе обезбедат враќање во елитното друштво како најдобри од Чемпионшип.

- Оглас -

Најнови вести