Во НБА е жешко и на трибините: Се испотепаа навивачи во Лос Анџелес (Видео)

Лос Анџелес лејкерс е на прагот од големо изненадување во првото коло од плејофот во НБА-лигата откако стигна до 3:1 во победи против Мемфис гризлис. Лејкерс едвај се пласира во доигрувањето за титулата, но тимот од ЛА игра одлично и сега е само на една победа од елиминација на вториот нападот тим на Западот по регуларниот дел од сезоната.

Освен беспоштедната борба на теренот, на последниот меч на овие два тима се случи и тепачка на трибините. Фајтерски расположени беа по еден навивач на Лејкерс и еден на Гризлис. Жестоки беа 20-тина секунди, во кои „летаа“ боксови на сите страни, а на крајот се вмеша трет навивач, кој ги раздели завојуваните навивачи.

- Оглас -

Најнови вести