Во НБА има 10 меча, а на три уште сега се знае кој ќе победи

Кошаркарската НБА-лига вечерва продолжува со 10 нови дуели, од кои на три уште од сега има огромни фаворити и ќе биде чудо ако не победат. Тоа треба да бидат три сигурни „кеца“, и тоа на дуелите Бостон – Шарлот, Бруклин во мечот против Орландо и Денвер, кој на свој терен игра против Хјустон.

Најдобриот тим на Западот, Феникс санс, гостува кај Сакраменто, а интересно е дека на последните шест дуели на овие два клуба, секогаш се радувале гостите. Јута има четири порази по ред, а сега дома игра против ривал за мерак, а тоа е Чикаго булс. Џезерите имаат шест победи во последните седум меѓусебни дуели.

Има дури 30-мина кошаркари во понудата за „плус-минус“ поени и тоа е дополнителен предизвик за сите експерти за НБА-шампионатот.

- Оглас -

Најнови вести