Во НБА „мириса“ на по три домашни и три гостински победи, Дончиќ и Леброн ќе одат над 30 поени

Ноќеска се играат вкупно шест НБА-меча, а коефицинетите велат дека на три дуели домаќините се фаворити, а на три средби поголеми шанси за победа имаат гостите. Филаделфија треба да има најлесна задача дома против Оклахома и 76-ките да победат. Во последните шест меѓусебни дуели на овие два клуба, Филаделфија реди триумфи, а и актуелната форма на двата тима е на страна на 76-ките, кои имаат 25 победи и 15 порази, додека Оклахома е со 18 триумфи и 23 порази.

Торонто и Мајами се останатите два тима кои треба да слават пред своите навивачи. Атрактивен за гледање треба да биде дуелот меѓу Лос Анџелес лејкерс и Далас. Лејкерс игра дома, но има големи проблеми околу составот затоа што многумина играчи се повредени.

Преку 20 кошаркари се дел од понудата „плус-минус“ поени, а интересно е дека на Лука Дончиќ границата е дури на 34,5 поени, додека на Леброн Џејмс границата е на 32,5 поени.

- Оглас -

Најнови вести