Во НБА нема милост – Нема плејоф, има отказ за тренерите

Втор отказ за тренер на тим што не успеа да се пласира во плејофот во НБА има во Њу Орлеанс пеликанс, а сменет е Алвин Џентри.

Пеликаните играа во Флорида по рестартот на сезоната, но без успех и останаа без настап во доигрувањето за титулата што е оценето како неуспех, па сметката ја плати Џентри.

Според рајководството на клубот тим со играчи од калибарот на Лонзо Бол, Брендан Инграм, Зајон Вилјамсон, Џру Холидеј… мора да игра во плејофот, нешто што сезонава не му успеа на Џентри.

Пред него отказ во Чикаго булс доби Џим Бојлен, а тој имаше уште полош ефект, бидејќи Биковите не ни играа во Флорида по рестартот на сезоната, бидејќи беа елиминирани пред да продолжи скратената сезона од регуларниот дел во НБА лигата.

Се најавува дека заменик за Алвин Џентри ќе биде Тајрон Лу, поранешниот тренер на Кливленд кавалирс и сегашен помошник на Док Риверс во Лос Анџелес клиперс.

- Оглас -

Најнови вести