Во НБА загрижени поради ситуацијата во Флорида – за еден ден има преку 4.000 заразени

Неизвесноста околу евентуалното продолжување на НБА лигата останува. Челниците донесоа идеја дека првенството треба да се доигра со скратен број на мечеви и екипи, а потоа да се игра плеј-оф. Сите натпревари би требало да се одиграат во „Дизни светот“ во Орландо, Флорида.

Сепак, опасноста од Коронавирусот во САД не стивнува, а токму Флорида е една од најпогодените подрачја. Само во вчерашниот дел на Флорида имало забележани нови 4.049 случаи на позитивни од Коронавирусот.

Комесарот на НБА, Адам Силвер вели дека е свесен дека овие бројки се навистина големи и дека ситуацијата станува неизвесна. Сепак, комесарот е уверен дека НБА првенството може да се доигра по зацртаниот план.

„НБА лигата внимателно ги следи податоците за Флорида и околината на Орландо и продолжува со разговори со Синдикатот на кошаркарите, здравствените работници и медицинските професионалци, околу тоа дали и како да продолжи НБА сезоната“, вели потпаролот на НБА, Мајкл Бас.

- Оглас -

Најнови вести