Во неговите 27 години како тренер на Манчестер немало ваков дебакл: Фергусон не може да верува што се случува на „Олд Трафорд“ (Фото)

Манчестер јунајтед по само 50 минути игра губи со 0:5 на „Олд Трафорд“ од Ливерпул. По првите 45 минути Ливерпул водеше со 4:0, што е прв пат во историјата на Премиер лигата, Манчестер дома да има такво заостанување по првиот дел.

Дека ништо не се смени и на почетокот на второто полувреме се покажа со третиот погодок на Мохамед Салас за 5:0. Салах веќе испиша историја на „Театарот на соништата“, а домашните навивачи не може да веруваат во кошмарот кој го следат.

Еден од оние кои најтешко го поднесува овој пораз од Ливерпул е легендарниот тренер на Манчестер јунајтед, Сер Алекс Фергусон. Популарниот Ферги беше на чело на екипата цели 27 години и никогаш не доживеал вакво понижување на свој терен.

За разлика од Фергусон, легендата на Ливерпул, Кени Далглиш со насмевка на лицето ужива во историскиот меч на неговиот тим.

- Оглас -

Најнови вести