Во незгоден момент си замина Чурлинов – Тешка повреда на најдобриот стрелец на Штутгарт

Саша Калајџиќ доживеа тешка повреда и дислокација на рамото во финишот на мечот меѓу Лајпциг и Штутгарт што веројатно ќе значи подолга пауза за најдобриот стрелец на Штутгарт.

Во дуел со Норди Мукиеле шпицот на гостите незгодно падна и остана да лежи на тревникот. Потоа со помош на носилки беше изнесен од теренот на „Ред Бул арена“ во Лајпциг, а според информациите што ги објавија од таборот на Штутгарт се работи за сериозна повреда на рамото.

Калајџиќ во ланското издание на Бундслигата беше најдобар стрелец на Штутгарт со 16 погодоци и вкупно шести голгетер во германското првенство.

Проблем за Штутгарт е што пред некој ден веќе му дозволија на македонскиот напаѓач Дарко Чурлинов да замине на позајмица во Шалке 04, која ќе трае до идното лето, или цела актуелна сезона.

Калајџиќ поради болест не настапи на премиерниот меч за Штутгарт против Гројтер фирт минатиот викенд, а сега веројатно ќе мора да паузира подолг период.

 

- Оглас -

Најнови вести