Во осум кола во трета лига имаа гол-разлика 0-78, па го згаснаа клубот кој беше првак само пред 6 години!

Фудбалскиот клуб Астра од Џурџу, кој во 2016 година беше шампион на Романија, само шест години подоцна дочека да биде згаснат, и тоа на срамен начин.

Астра сезонава се натпреваруваше во третата романска лига, на осум меча не даде ниту еден гол, а прими дури 78. Имаше и еден пораз од 0-19, а на последниот меч пред пет дена загуби со 0-12, по што дојде и веста за официјално ставање клуч на вратата.

Од ФИФА имаат забрана за доведување нови играчи, беа во лоша состојба и згаснувањето е само последица на лошите работи кои им се случуваа во последните години откако ексгаздата се најде во затвор.

Во 2016/2017 како романски прваци, играа плејоф за место во групите од Лигата на шампионите, но испаднаа од Копенхаген. Следуваше голема победа над Вест хем, по што влегоа во групите од Лигата на Европа, каде што за ривали ги имаа Рома, Викторија П’лзењ и Австрија Виена. Астра и во 2014/2015 влезе во групите од ЛЕ, кога играше со Селтик, Динамо Загреб и Салцбург. Во 2017/2018 играа квалификации за ЛЕ и тоа им беа последни европски мечеви.

- Оглас -

Најнови вести