Во отсуство на светскиот првак, Ботас е фаворит во Бахреин

Валтери Ботас од пол-позиција ќе ја предводи трката во Бахреин за Големата награда на „Шахир“, која е закажана за денес во 18 часот.

Финецот вчера беше најбрз во квалификациите и блесна во отсуство на тимскиот колега и старо-новиот светски првак Луис Хамилтон, кој оваа трка ќе ја пропушти поради што боледува од корона-вирусот.

Привремената замена на Хамилтон, позајмениот Џорџ Расел од тимот на Вилијамс, извозе второ најбрзо време зад фаворитот Ботас, додека Ферстапен од Ред бул и Леклер од Ферари го комплетираат парот зад водечките болиди на Мерцедес.

Оваа трка е претпоследна од сезоната 2020 во најбрзиот планетарен циркус, по што завесата ќе се спушти во Абу Даби на 13 декември.

- Оглас -

Најнови вести