Во Париз се игра меч што не личи на Лигата на шампионите, најмногу страда македонски репрезентативец

Чудесно прво полувреме одиграа избраниците на Раул Гонзалес, ракометарите на Пари Сен Жермен, а настрада Порто, каде што голман е нашиот Никола Митрески.

Во Париз по 30 минути игра, резултатот е неверојатен, 18:4 за ПСЖ, а Порто едвај даде четири гола, или во просек на секои 7,5 минути успеваше да ја затресе мрежата на домаќините.

Интересно е што двајца ракометари на францускиот тим постигнаа повеќе голови од целиот тим на Порто.

Микел Хансен шестпати ја погоди мрежата на гостите, а Недим Ремили е петкратен стрелец.

Во исклучително лошото прво полувреме за Порто, единствена светла точка е македонскиот репрезентативец Митрески, кој одбрани пет удари на расположените домашни ракометари.

- Оглас -

Најнови вести