Судијата Маринер е добредојден во Пештани, одлично пресуди за топ-добивка од 880.000 денари

Габриел Жесус ја затресе мрежата на Вулверхемптон во 95-тата минута за победа на Манчестер сити од 3:1, неговиот гол беше надвор од предвидените четири минути судиско продолжение, а инфаркт завршницата во која во Пештани се броеја секунди, донесе бруто добивка од 880.000 денари на тикет со пет пара.

Судијата Андре Маринер дозволи да заврши последниот напад во кој шпицот на гостите постигна гол за огромна радост во охридско и супер добивка од нешто помалку од 15.000 евра.

Претходно веќе беа фатени четири натпревари, па се чекаше само чудо на „Молињу“, кое и се случи со погодокот на Габриел Жесус.

Мечот Вулверхемптон – Манчестер сити беше типуван на добитниот тикет на голови со знак 4+.

Претходно беа погодени дуелите Серкл Бриж – Сент Труден со знак 1-1&2+ прво полувреме, потоа и Бохум – Сент Паули и Шемрок – Ватерфорд со тип 4+ на двата меча.

Паралелно со дуелот во Премиер лигата меѓу Волците и Манчестер сити од 21.15 часот, вчера се играше и дуелот во Исланд меѓу Стјарнан и Валур, но таму немаше неизвесност, па типуваниот комбиниран знак 2&5+ беше фатен уште во првото полувреме, што го добија гостите со 0:5.

Тој меч заврши со резултат 1:5, а вкупниот коефициент на добитниот тикет е 1760,58, или за уплата од 500 денари, донесе ќар од чисти 748.324 денари во Пештани.

- Оглас -

Најнови вести