Во последната кривина го помина и стана светски првак (Видео)

Марк Маркес ја потврди доминацијата во Мото ГП, победувајќи на патеката за Големата награда на Тајланд. Првото место на денешната трка значеше и дефинитивна потврда дека Маркес е старо-новиот светски првак во најсилната мото класа.

Трката во Тајланд заврши на спектакуларен начин. Маркес имаше предност пред Фабио Квартера, кој агресивно напаѓаше и пред самиот финиш успеа за момент да го помине Маркес. Сепак, Шпанецот покажа зошто е шампион и со одличен маневар успеа да ја врати предноста и буквално во последните 100-тина метри да стигне до победата и нова титула.

https://twitter.com/i/status/1180750635391692804

За Квартера ова е најдобар пласман на една ГП трка, додека на третото место заврши Виналес, пред Довизиосо. Валентино Роси заврши на осмото место.

Маркес стигна до шестата титула во мото ГП класата повторувајќи го успехот од 2018, 2017, 2016, 2014 и 2013 година. Тој има и по една титула и во Мото 2 (2012) и во класата до 125цц (2010 година).

- Оглас -

Најнови вести