Во последните 25 години и Тахити има повеќе титули од Аргентина

Жестоки напади трпи аргентинската фудбалска репрезентација по социјалните мрежи и аргентинските медиуми откако на Копа Америка дојде како еден од трите главни фаворити, а по две кола од можни 6, освои само 1 бод и даде само еден од гол, и тоа од пенал.

Гаучосите пред 41 година станаа светски прваци, во ерата на Диего Марадона сееја страв и во 1986 освоија Мундијал, четири години подоцна беа финалисти, а во 1993 ја освоија Копа Америка. Во 1994, Марадона го одигра својот последен меч, но тимот имаше многу квалитетни поединци и ретко кој веруваше дека Аргентина нема ништо да освои 26 години. На Копа Америка конкуренцијата е послаба отколку на СП, но и на Копа максимумот им е финале.

„Дури и Тахити има повеќе титули од нас“, коментираат разочарани фанови. Малата островска земја Тахити во 2012 година беше првак на континентот Океанија откако беше подобра од Австралија и Нов Зеланд.

Но, Аргентина не е отпишана. Доколку го победи Катар, има шанса да биде на второто место во својата група и во четврт-финалето да се сретне со Перу или Венецуела. Ако Аргентинците одат во четврт-финале како трети, за што исто така има теоретска шанса, тогаш потенцијален ривал ќе им бидат Бразил или Уругвај.

- Оглас -

Најнови вести