Во последниве 30 години кога играле, никогаш не завршило да нема погодоци

Од 19 часот денеска ќе започнат возбудувањата на четири меча во англиската Премиер лига, додека во 21:15 часот ќе игра лидерот Ливерпул против Кристал палас. Од мечевите во 19 часот, најпривлечен треба да биде мечот на „Олд Трафорд“, каде што Манчестер јунајтед го пречекува Шефилд јунајтед.

Фактот дека Манчестер игра на свој терен, ги прави Црвените ѓаволи големи фаворити, но Шефилд сезонава играше одлично, па токму затоа е и во горниот дел од табелата во првенството. Табелата покажува дека доколку гостите победат, ќе го прескокнат Манчестер на табелата.

Тимот на Оле Гунар Солскјер сезонава игра солидно дома и има само два порази во 15 меча. Шефилд е познат како тимот кој има најмногу нерешени средби на гостински терен (ремизираше осум пати од 15 дуели). Традицијата вели дека кога играат овие екипи, треба да има погодоци.

Шефилд не е екипа која игра често во елитното друштво, па затоа во последниве 30 години имаат играно само 12 пати, а во сите тие средби секогаш имало погодоци. Само еднаш паднал само еден гол, а во останатите дуели имало минимум два погодоци. Есеноска беше дури 3:3, што само е потврда дека на „Олд Трафорд“ вечерва треба да е интересно.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести