Во ПСЖ се покајаа што ги пуштија Кавани и Силва

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, вели дека клубот се кае и погрешил што ги пушти искусните Единсон Кавани и Тијаго Силва. Како оправдување што двајцата неодамнешни лидери на екипата го напуштија Париз, Леонардо ја посочи нестабилната финансиска состојба.

„Сметам дека премногу брзо реагиравме, затоа мислам дека погрешивме што ги пуштивме. Разговаравме отворено и со двајцата, но во тој момент не можевме да им ги исполниме барањата. Финансиската состојба беше една причина, но и сакавме да ја подмладиме екипата, додека приоритет беа Маркињос и Кимпембе. Тешка беше одлуката да се разделивме со Кавани и со Силва“, истакна Леонардо.

И двајцата се одлучија кариерите да ги продолжат на Островот, поточно во Премиер лигата. Тијаго Силва веќе се адаптира во тимот на Челзи, додека Кавани на почетокот од октомври се одлучи да ја задолжи опремата на Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести