Во Реал почнуваат да жалат за јануарските позајмици

Отсуствата на девет фудбалери, сите поради повреда, предизвикуваат многу големи проблеми во тимот на Реал Мадрид. Да знаеја дека ќе им се случи ваква „епидемија“ во овој чувствителен дел од сезоната кога доаѓаат и дуелите од Лигата на шампионите, веројатно немаше во јануари да ги ослободат Мартин Одегард и Лука Јовиќ.

Одегард замина на позајмица во Арсенал, а Јовиќ во Ајнтрахт. Зидан не им даваше шанса да играат редовно, и се согласи да бидат пуштени на позајмица, но сега веројатно се кае за тоа.

Повредата на Карим Бензема, го остави Реал со само еден напаѓач и тоа Маријано Дијас, кој ретко игра и тоа по неколку минути. Да останеше Јовиќ, ќе имаа сериозна опција плус. Од средниот ред повреден е Валверде, па целиот товар паѓа на триото Касемиро, Крос, Модриќ, со резерва како сезонава очајниот Иско и некои младинци. Одегард ќе беше сериозна опција плус во ротацијата, а вака нема одмор за триото стартери.

Реал можеби заштеди неколку милиони евра со позајмиците, но штетата од евентуалната елиминација од ЛШ и губењето на титулата во Шпанија ќе биде многу поголема. Вечерва Реал против Валјадолид ќе биде без Карвахал, Рамос, Марсело, Одриозола, Милитао, Валверде, Азар, Родриго и Бензема, а можно е никој од нив да не се врати ниту в среда за гостувањето кај Аталанта од осминафиналето во ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести