Во Ред Бул им сугерирале на пилотите намерно да се заразат со Коронавирусот

Многу спортисти во светот се трудат да помогнат да се најде начин за борба со Коронавирусот и како да продолжат со тренинзи и натпревари, а од тимот на Формула 1 имаат едно бизарно и несекојдневно решение. Тамошниот советник и член на менаџментот, Хелмут Марко, им сугерирал на пилотите и помладите лица во тимот да се заразат и на тој начин да стекнат имунитет и да бидат поотпорни кога ќе почне сезоната во Ф1.

„Тоа се млади и здрави момци. На тој начин би биле подготвени кога ќе почне сезоната. Идејата не е добро примена, но и јас во февруари мислев дека имам настинка, а симптомите одговараа на корона. Беше нешто што досега не сум го имал во толкав интензитет“, рече Марко, кој се сомнева дека го прележак вирусот без да знае.

Овој предлог бил одбиен бидејќи сите останати членови на раководството, а веројатно и самите пилоти биле против.

- Оглас -

Најнови вести