Во Сан Франциско се врати публиката, Кари „полуде“ и ги почести со победа над Денвер (Видео)

Натпреварот помеѓу Голден Стејт вориорс и Денвер нагетс, предизвика големо внимание, не само поради дуелот на Стеф Кари против Никола Јокиќ, туку и поради тоа што после 409 дена пауза, повторно имаше навивачи на трибините во салата во Сан Франциско, додуша во лимитиран број, нешто помалку од дозволените 2.000.

На првиот навивач кој влезе во салата, му беше приреден дочек со музика, балони и чирлидерки.

https://twitter.com/i/status/1385793264649834505

Мотивацијата кај Воините беше на највисоко ниво и тие победија со 118-97. Кари даде 32 поени, од кои 25 во второто полувреме, додека Дрејмонд Грин имаше 19 асистенции и 12 скока. Кај Нагетс, Мајкл Портер уфрли 26 поени, а Јокиќ беше скромен со 19. Погледнете колку беше напален Кари:

https://twitter.com/i/status/1385815822598164486

Интересно беше и во Њујорк, каде Бруклин без Харден и Дурант го победи Бостон со 109-104, и изби на првото место на Истокот. Расел Вестбрук од Вашингтон го направи 28-миот трипл-дабл сезонава, а Визардс има седум победи по ред.

 

- Оглас -

Најнови вести