Во селекцијата на Исланд има играч на Реал Мадрид, а татко му беше ѕвезда на Барселона

Македонската репрезентација синоќа стигна во далечниот Исланд каде утре од 18 часот игра важен дуел од квалификациите за Светското првенство 2022 година, а во исландскиот тим ќе има едно интересно име, за кое можеби допрва ќе се слушне во Европа. Во составот на Исланѓаните е и 19-годишниот Андри Лукас Гудјонсен, син на исландската фудбалска легенда Еидур Гудјонсен.

Андри е роден во Лондон, во времето кога татко му играше за Челзи, а Еидур Гудјонсен подоцна го носеше дресот и на Барселона, најлутиот ривал на мадридскиот тим чиј член е син му Андри кој истотака е напаѓач. И Андри како дете првите фудбалски чекори го направи во каталонскиот клуб, а од 2018 е во Реал и моментно игра за Кастилја (Реал Мадрид Б).

Реал го стави младиот Гудјонсен и на пошироката листа на играчи за Лигата на шампионите за претстојната сезона. Андри Гудјонсен во четвртокот против Романија играше во завршните 11 минути, пред влегувањето во игра татко му (Еидур е помошник селектор) го бакна за среќа, можеби селекторот Видарсон ќе му даде шанса и против Македонија.

- Оглас -

Најнови вести