Во семејството Адетокумбо сега има три шампионски прстени

Милвоки конечно по половина век пауза ја освои титулата во НБА, а може да се каже дека најзаслужен за втор ваков успех во историјата на франшизата е Јанис Адетокумбо.

Грчката ѕверка успеа да ги одведе Елените до толку посакуваниот кошаркарски трон, па заедно со постариот брат Танасис додадоа уште два шампионски прстени во семејството Адетокумбо.

Две сезони во низа, шампион на НБА е кошаркар со презиме Адетокумбо, откако најмладиот Костас лани со Лејкерс ја освои титулата, па само една година подоцна му се приклучија Јанис и Танасис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести