Во сенка е на Левандовски, а сезонава всушност Тер Штеген е јунакот на Барселона

Барселона сезонава во шпанското првенство има примено само еден гол, и поради подобра гол-разлика од Реал Мадрид е лидер на табелата во пресрет на Ел Класико. Голема заслуга што Каталонците немаат примено гол има и голманот Марк Андре Тер Штеген, кој веќе 624 минути нема примено гол во Ла Лига.

Единствен јунак кој им даде гол на Каталонците сезонава е Александер Исак, кој тогаш (на 21 август) играше за Реал Сосиедад пред да се пресели во Њукасл. Од погодокот на Исак наваму, Тер Штеген 624 минути нема примено гол.

Од осум меча сезонава во првенството, Тер Штеген на седум не прими гол, и тој е еден од најзаслужните што Барса се бори за титула, иако ретко кој го спомнува во такон контекст. Сите пофалби одат за напаѓачите, најмногу за Роберт Левандовски.

Рекордот во Шпанија е 755 минути, а за го урне, на Тер Штеген ќе му треба да не прими гол в недела во Мадрид од Реал. Тешка мисија, но не и невозможна.

- Оглас -

Најнови вести