Во Серија А има над 450 фудбалери, а само двајца се со повеќе одиграни мечеви од Горан Пандев

Горан Пандев летово реши да одигра уште една сезона за Џенова, а потоа да оди во пензија. Легендарниот македонски фудбалер е еден од најценетите во италијанската Серија А, а има и зошто. За Пандев ова е 18-та сезона во калчото, а според бројот на настапи, е на третото место на листата од сите активни играчи кои се пријавени во Серија А.

Гранде Пандев како што го нарекуваат во Италија, досега има одиграно 475 меча во Серија А и само голманот Самир Хандановиќ со 517 настапи и Фабио Кваљарела со 502 меча се пред Македонецот. Ако се знае дека во Серија А има 20 екипи кои за мечевите вообичаено пријавуваат по 23 играчи, тоа значи дека во италијанското првенство има 460 фудбалери, а дури 457 се со помалку одиграни меча од Пандев.

Доколку нема посериозна повреда, сезонава Пандев треба да го одигра и јубилејниот 500-ти натпревар во Серија А. Џенова утре гостува кај Калјари.

 

- Оглас -

Најнови вести