Во Серија А веќе постигнати преку 1.000 голови сезонава, кој е стрелец на јубилејниот погодок?

Француско Капуто е стрелец на јубилејниот 1.000 погодок во Серија А сезонава. Напаѓачот на Сасуоло сезонава игра одлично и веќе стигна до 18 погодоци во 32 меча во италијанското првенство. Голот кој вчера го даде на дуелот против Калјари за водство од 1:0 беше и јубилеен погодок во Серија А.

Фактот дека 1.000 погодок во Серија А е постигнат веќе до 34. коло, покаѓува дека сезонава се игра многу поотворен фудбал. Колку за споредба, минатата сезона, едвај беше стигната границата од 1.000 голови, а јубилејниот погодок беше даден во последното коло. На крајот, голот на Капуто не беше доволен за Сасуоло да победи на воа тешко гостување, п а на крајот дуелот заврши 1:1.

По овој меч, во Серија А се одигра уште еден дуел синоќа и тоа меѓу Милан и Болоња, а Росонерите забележаа неверојатна победа од 5:1. Тоа значи дека веќе сезонава во Серија А има постигнато точно 1.007 погодоци, бројка која сигурно ќе се зголеми по денешните средби.

 

- Оглас -

Најнови вести