Во Шпанија од октомври ќе смее да има 30 проценти публика, полни стадиони дури од јануари

Шпанското фудбалско првенство до крајот на сезонава ќе се игра без публика на трибините, а процесот на враќање на навивачите ќе почне во октомври, кога ќе се дозволи стадионите да бидат пополнети со 30 проценти од својот капацитет, што значи дека фановите ќе треба да бидат на дистанца еден од друг.

Од ноември ќе може трибините да бидат исполнети до половина. Најавите се дека нормализација и полни стадиони, ќе може да има дури од јануари 2021 година. Следната сезона треба да почне на 12-ти септември, што значи дека и во првите кола од наредната сезона нема да има публика.

Периодов Реал Мадрид го искористи да го почне реновирањето на својот стадион „Сантијаго Бернабеу“. До октомври, Реал сите домашни средби ќе ги игра во тренинг центарот „Алфредо Ди Стефано“, каде тимот тренира. Деновиве е засилено осветлувањето таму, а на „Бернабеу“ има вистинска „градежна офанзива“. Се менува теренот, дел од централната трибина со внатрешниот дел во кој имаше канцеларии, а се работи и на надворешноста на стадионот.

Познато е дека стадионот ќе добие и покрив, но целото реновирање до конечниот изглед ќе трае две-три години.

 

- Оглас -

Најнови вести