Во Шпанија се даваат петпати повеќе црвени картони отколку во Англија

Шпанското првенство е најгрубо или судиите во Примера дивисион се најстроги кога се работи за доделување на црвените картони, покажува статистиката. На досега одиграните натпревари во Топ 5 лигите, шпанските судии имаат доделено убедливо најмногу црвени картони.

Дури 94 исклучувања имало на фудбалерите во елитното шпанско првенство, и тоа во 230 меча одиграни досега во сезона 2022/23. Тоа значи дека во просек на речиси секои два меча има по еден црвен картон. Од тие 94 исклучувања, 58 биле директни црвени картони, а 36 се по доделени два жолти картони.

Зад Примера, според недисциплината е француското првенство, каде што досега имало 71 црвен картон во 250 натпревари. Тоа е просек од 0,28 црвени картони на меч. Вкуно 47 црвени картони биле директно покажани, а останатите 24 по добиени два жолти картони.

Италијанската Серија А е трета на оваа листа со 40 црвени картони, од кои 24 се директни, а 16 по двојна јавна опомена во жолта боја. Тоа е просек од 0,17 исклучувања на меч во калчото.

Во Бундеслигата вкупно биле покажани 29 црвени картони, од кои 11 се директни, а 18 по два жолти картони. Англиското првенство е со најмалку грубости ако се гледа оваа статистика, или таму судиите најретко се решаваат да покажат исклучување. Досега има само 19 црвени картони од кои 12 се директни, а само седум по доделени два жолти картони. Во проценти изразено тоа е 0,08 исклучувања на меч.

- Оглас -

Најнови вести