Во Шведска и Швајцарија има мечеви кои се подарок за денеска

Удинезе – Јувентус (19:30 ч.)

Актуелниот првак е голем фаворит за победа на гостувањето кај Удинезе. Домаќините се борат за опстанок, но на мегдан против Јувентус нема што да бараат. На последните шест меѓусебни средби, Јувентус секогаш победувал, и тоа барем со два гола разлика, што само се потврдува дека нема неизвесност.

Удинезе е тим со вториот најслаб напад, а Старата дама ја има најдобрата одбрана, па јасно е дека дури мали се шансите домаќините да се израдуваат на погодок.

Предлог тип: 2 (1.65)

 

Лацио – Калјари (21:45 ч.)

До пред стартот на пандемијата со корона-вирусот, Лацио му беше сериозен ривал на Јувентус во трката за титулата. Сепак, по тримесечната принудна пауза и враќањето на теренот, ова како да е некој друг Лацио. Небесносините наредија четири порази и само едно реми во последните пет кола и паднаа на четвртото место на табелата, но реално нема кој да ги загрози за настап во Лигата на шампионите.

Статистиката и традицијата велат дека на осум од последните девет меча кога играле Лацио и Калјари, имало барем по три погодоци, а седумпати било ГГ 3+.

Предлог тип: ГГ 3+ (1.95)

 

Алборг – Копенхаген (20 ч.)

Меч на кој гостите имаат шанса да се борат за второто место во Данска, но се во очајна форма. Копенхаген има четири порази и две нерешени во последните шест меча, додека Алборг во првенството влезе во ритам и има четири победи и едно реми од последните пет дуели.

Традицијата вели дека не би требало да има многу голови, а и актуелната игра на двата тима не дава надеж дека би можело да има повеќе од 2-3 гола.

Предлог тип: 2-3 гола (2.07)

 

Малме – Хамарби (19 ч.)

Малме некако неубедливо ја започна сезоната, па во 9 меча има само четири победи. Ефикасноста е проблем за Малме кој во просек дава малку повеќе од еден погодок на меч. На гости вечерва им доаѓа еден од послабите тимови и реално Малме треба да победи.

Во последните 12 дуели на овие ривали, Малме се радувал деветпати, еден дуел завршил нерешено, а Хамарби победил само двапати.

Предлог тип: 1 (1.75)

 

Ксамакс – Јанг бојс (20:30 ч.)

Најсигурниот меч за денеска. Јанг бојс е пред освојување на титулата и никако не смее да си дозволи да киксне на теренот на последнопласираниот тим, кој и нема шанси да се спаси. Сите статистики се на страната на Јанг бојс. Ксамакс е очаен домаќин со девет порази во 16 дуели, а во двата меча кои сезнава ги одиграа овие два тима, Јанг бојс победуваше со 6:0 и 4:1.

Предлог тип: 2 (1.50) 

 

- Оглас -

Најнови вести