Во составот на БиХ имаше и 47-годишен репрезентативец!

Босна и Херцеговина синоќа загуби со 3:0 на гостувањето кај Полска, а во составот на гостите имаше едно „залутано“ име. Меѓу играчите беше и Горан Брашниќ, 47-годишниот некогашен голман, а сега помошник на селекторот Душан Бајевиќ во стручниот штаб.

Брашниќ принудно мораше да биде ставен во составот на играчите откако Бајевиќ имаше кусок на голмани. Незадоволен од статусот во националниот тим, Асмир Беговиќ си замина, а Јасмин Буриќ има корона-вирус, па во репрезентацијата останаа само двајца голмани.

Според правилата на УЕФА, во записникот на мечот мора да има пријавено тројца голмани, па Бајевиќ за мечот со Полска како трет голман го пријави токму Брашниќ, кој сега е тренер на голманите. Брашниќ ја заврши кариерата уште во 2010 година, а за репрезентацијата на БиХ настапуваше во периодот од 2004 до 2008 година. Бранеше вкупно на осум натпревари. Синоќа, по игра на нештата, Брашниќ повторно влезе во записник како голман, и тоа на 47 години.

Пред 10-тина дена слично се случи и во Украина. Откако двајца голмани беа потврдени дека се заразени со корона-вирусот, селекторот Андриј Шевченко во составот мораше да го вметне легендарниот Олександер Шовковски, кој му е помошник во репрезентацијата. Шовковски се „реактивираше“ на 45 години, а сега Брашниќ затоа што некогашниот голман на БиХ има 47 години.

 

 

- Оглас -

Најнови вести